Меси одлучи: Агуеро се враќа во селекцијата на Аргентина на Мундијалот во Катар!

Веќе екс-аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро, кој пред два месеци предвреме ја заврши фудбалската кариера поради срцевите проблеми и аритмијата, сепак ќе биде дел од аргентинската репрезентација на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар, иако нема да игра.

Предвреме пензионираниот фудбалер ќе биде дел од стручниот штаб на „гаучосите“, а ваквата одлука доаѓа на барање на неговиот најголем пријател и капитен на селекцијата, Лионел Меси.

„Одам на СП во Катар. Сакам да бидам таму, наскоро ќе имаме состанок и идејата е да се вклучам во работата на тренерскиот тим на репрезентацијата. Веќе разговарав со селекторот Лионел Скалони. Му благодарам на Меси што беше иницијатор на ваквата одлука, тој е голем човек“, изјави Агуеро.

Агуеро во репрезентативниот дрес на Аргентина има одиграно 101 натпревар, а вкупно има запишано 41 гол.

 

 

 

Се вчитува...