Меси: По секое финале со Аргентина бев огорчен и се исклучував на 15 дена…

Лео Меси ова лето стигна и до првиот голем трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Во финалето на Копа Америка, на Маракана, „гаучосите“ со 1-0 славеа над најголемиот ривал Бразил со што Аргентина се изедначи во Уругвај на врвот на табелата по бројот на титули во престижносто натпреварување.

За овој трофеј „гаучосите“ чекаа 28 години, период во кој Аргентина одигра голем број на финални дуели, но на крајот мораше да се задоволи само со сребро. Сега за истото проговоре и капитенот на репрезентацијата, Лео Меси кој ја отвори душата кога станува збор за дресот на Аргентина.

„Прекрасно беше чувството што успеавме ја освоиме Копа Америка. Постојано сметаме дека сме најдобри, но не е така. Чудно е тоа. Не бевме најлоши на светот кога губевме во финалињата, како што не сме ни најдобри сега кога го кренавме трофејот. Важно е на теренот да дадеш се од себе. Има многу репрезентации, но само една екипа победува. Самото финале е голем успех, но многу луѓе не го признаваат тоа. Баш спротивно. Луѓето мислат дека е лесно да освоиш едно Светско првенство. Затоа нашите резултати беа сметани за неуспешни. Секој пат 15 дена по некој турнир со Аргентина бев огорчен, не сакав ништо да правам. Само се исклучував. Сега, по Бразил беше првиот прав одмор кој го имав. Дел од медиумите постојано не навредуваа. Тврдеа дека не ја сакаме Аргентина, бараа да не играме повеќе за репрезентацијата. Ние само се обидувавме да дадеме се од себе. Немаше човек што ја посакуваше победата повеќе од нас, но не е се во победите и поразите“, изјави Меси.

Се вчитува...