Меси побегнал од новинарите по елиминацијата од Франција

Аргентинскиот ас Лионел Меси ги игнорирал новинарите по елиминацијата од Франција во осминафиналето на Светското првенство. „Гаучосите“ си одат дома, откако загубија со 4-3 од „триколорите“, а светската фудбалска јавност го очекува ставот на најголемата ѕвезда околу понатамошниот негов настап во националниот тим. Дали можеби ова беше последниот меч на Лео Меси во репрезентацијата на Аргентина?!

Сепак, тој не застанал во микс зоната, ги избегнал новинарските микрофони и веднаш влегол во тимскиот автобус. Неговиот одговор ќе го очекуваме наредните денови.

 

Се вчитува...