Меси пред „Ел Класико“: Потешко ни е кога играме на „Камп Ноу“

Лионел Меси со нетрпение го очекува новото големо дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, но арентинскиот генијалец во пресрет на утрешниот дуел истакна дека очекува затворена игра од гостинскиот состав. Воедно, тој додаде дека Барселона вообичаено многу полесно игра против Реал во Мадрид отколку во својот фудбалски храм.

„Секако, потешко ин е кога играме со Реал на „Камп ноу“. Причината е нормална, сите гости доаѓаат кај нас и се бранат, Реал не е исклучок. Кога играме на „Бернабеу“, тие тргнуваат поофанзивно и ни оставаат простор за маневар. На „Камп Ноу“ секогаш е потешко, противникот е набиен во својата половина, а Реал има и брзи офанзивци поради кои ние не смееме целосно да се отвориме. Компликувано е, но верувам дека ќе успееме да стигнеме до победата“ – изјави Лионел Меси.

Барселона е без пораз на последните пет натпревари со Реал Мадрид (три победи и две реми), но на последните три меча на „Камп ноу“ каталонскиот гигант само еднаш стигна до цел плен (5-1, 1-1, 2-2).

Се вчитува...