Меси промаши пенал, Египет со водство на полувремето против Аргентина (ВИДЕО)

Аргентина има негатива од 0-1 по првото полувреме во пресметката против Египет во осминафиналето на Светското првенство 2026.

Лионел Меси и Аргентина беа шокирани уште од самиот старт на натпреварот.

Најпрво Египќаните преку Ибрахим во 15. минута поведоа со убав погодок…

А, потоа во 21. минута Аргентинците можеа брзо да се вратат, но Лионел Меси не успеа да го реализира ударот од белата точка.

Најдобар поединец кај Египет беше голманот Шубир, покрај одбранетиот пенал, кој и во продолжението одбрани неколку удари на Аргентинците, зачувувајќи ја предноста на полувремето на својата селекција.

Се вчитува...