Меси се повреди – Ги пропушта мечевите против Наполи на Елиф Елмас во САД

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси, нема да патува со тимот на Барселона на подготовките во САД, поради повреда која ја заработи на денешниот тренинг. Тој го напуштил тренинг кампот на Каталонците, поради болки во десната нога.

Се уште не е познато колку е сериозна повредата на Аргентинецот, а од Барселона соопштија дека тој сигурно ќе ја пропушти турнејата во Соединетите американски држави. Барселона во САД ќе се сретне со Наполи на нашиот Елиф Елмас, кој вчера на мечот против Олимпик Марсеј кој неговиот тим го доби со 1-0, за првпат дебитираше во првиот состав на клубот.

Меси ќе остане во Барселона каде ќе има индивидуални тренинзи, како би можел да ја санира повредата до стартот на новата сезона.

Се вчитува...