Фудбалерот на ПСЖ и аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси сподели емотивна објава по повод предвременото пензионирање на Серхио Агуеро. Напаѓачот на Барса денеска и официјално се прости од фудбалот на „Камп Ноу“ поради здравствени проблеми.
Меси и Агуеро играа заедно во репрезентацијата на Аргентина.
„Речиси ја поминав целата моја кариера заедно со Кун во репрезентацијата на Аргентина. Имавме многу убави моменти, сите тие не натераа да се обединиме повеќе и повеќе и заеднички да се дружиме. И ќе продолжиме да живееме заедно и надвор од теренот. Вистина е дека болката сега е многу голема, имајќи предвид дека треба да престане да го правите она што најмногу ви се допаѓа. Сигурно Кун ќе продолжи да биде среќен бидејќи тој е човек кој ја пренесува среќата, едно треба да знае … ние колегите од репрезентацијата ќе бидеме секогаш со него. Сега започнува нова фаза од неговиот живот и уверен сум дека ќе ја живее со насмевка. Се најдобро во новото поглавје од живтот!!! Многу те сакам пријателе, ќе ми недостигаш на теренот“, напиша емотивно Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА