Меси со ремек-дело за јубилејот – 50 гола од слободен удар (видео)

Лионел Меси го искористи денешниот дуел со Валјадолид за да дојде до уште еден јубилеен погодок, овојпат број 50 постигнат од слободен удар во неповторливата кариера на аргнетинскиот генијалец.

Од овие 55, Меси 44 постигна во дресот на Барса, а шест како член на „гаучосите“. Вечерашниот јубилеен погодок беше вистинско ремек-дело, топката заврши во горниот агол од противничкиот гол, а немоќниот голман на Валјадолид немаше никаква шанса да интервенира.

Се вчитува...