Меси со три потпишани дреса ја издејствувал донацијата од Кина за вакцини во Ј. Америка

Лионел Меси е екстремно популарен во најмногубројната земја на светот, па тој со три потпишани дресови буквално ги убедил Кинезите да го потпишат договорот за донација за имунизација на фудбалерите и луѓето во јужноамериканскиот фудбал.

Откако пред неколку дена јужноамериканската фудбалска конфедерација „КОНМЕБОЛ“ објави дека кинеската компанија Синовак ќе донира 50.000 дози на вакцини за да се направи имунизација во фудбалот на најфудбалскиот континент барем во елитните лиги од десетте земји членки, сега излезе кој е херојот што успеал да ги убеди Кинезите за ваква донација – Лионел Меси.

„КОНМЕБОЛ“ веќе објави дека вакцините ќе ги подели на десетте членки кои ќе треба да ги вакцинираат вработените во своите организации, како и фудбалерите во тимовите од елитните лиги, стручните штабови, а засега неизвесно е дали ќе има и имунизација на сите репрезентации пред претстојната Копа Америка, која се игра летово, како и Европското првенство.

Се вчитува...