Меси урна уште еден рекорд на Роналдо

Лионел Меси одигра извонреден натпревар против Мајорка, со хет-трик потврдувајќи зошто ја доби „Златната топка“ за 2019 година со која пред мечот се пофали пред преполните трибини на „Камп ноу“.

Со овие три гола аргентинскиот ас успеа да урне уште еден рекорд на Кристијано Роналдо, надминувајќи го Португалецот на листата на фудбалери со најмногу хет-трик натпревари во „Ла Лига“. Роналдо досега имаше 34 хет-трик средби, а синоќешниот дуел беше број 35 за Меси, кој сега е апсолутен рекордер во оваа категорија од шпанскиот шампионат.

Сепак, мора да се истакне дека Кристијано Роналдо до оваа бројка стигна за 292 натпревари во дресот на Реал Мадрид, додека на Меси му беа потребни 462 средби за еден хет-трик повеќе од големиот ривал.

Се вчитува...