Место да игра во ЛШ избра да игра во Втора лига

Германецот Марсел Халстенберг  летово ќе се врати во Хановер 96, кој игра во Втората германска лига, за да биде со семејството по смртта на татко му и мајка му.

Фудбалерот на Ред Бул Лајпциг го избра првото меѓу домот и семејството и играњето во Лигата на шампионите и борбата за титулата.

На ваква одлука беше принуден со смртта на двајцата родители во 2020 година, тие еден по друг починаа на 57-годишна возраст, а Марсел сега чувствува потреба да биде со остатокот од своето семејство. Тој го известил клубот за својата одлука и сега чека да се реши се со документацијата.

Поголемиот дел од кариерата го помина во Хановер, од 1999 до 2011 година, иако таму одигра само една сезона за сениорите. Во Лајпциг каде пристигна од Сент Паули игра од 2015 година.

Се вчитува...