Местото на „злосторството“ – фотографии и од апартманот на Роналдо каде е извршено наводното силување

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо се наоѓа под жесток притисок на светските медиуми по објавувањето на скандалот со силувањето на хостесата Кетрин Мајорга во 2009 година, случај за кој полицијата во Лас Вегас изминативе денови покрена нова истрага.

Роналдо упорно ги негира сите тврдења на Мајорга, но доказите упорно, пак, зборуваат контра португалскиот фудбалер кој очигледно на суд ќе мора да ја докажува својата невиност.

Во меѓувреме, американските и англиските медиуми веќе се појавија и со фотографии од луксузниот апартман во Лас Вегас каде Роналдо најпрво ја повикал Кетрин на пијалок, а потоа и ја силувал во бањата каде е сместено и луксузното џакузи.

Како што пишуваат американските медиуми станува збор за апартман кој се наоѓа на 57-от кат, а чини околу 1.000 долари за една ноќ.

Се вчитува...