„Металците“ убедливо ја совладаа Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на МЗТ како гостин убедливо го совлада тимот на Струмица во меч одигран во „Јане Сандански“ во 5. коло во Првата кошаркарска лига. Првакот немаше никаква милост, и го совлада противникот со 36 разлика (66-102).

Само во првите минути Струмица имаше водство од 5-0, а потоа откако МЗТ ја презеде предноста (5-6), не ја испушти до крајот, односно константно ја зголемуваше. Во еден миг кон почетокот на четвртата изнесуваше дури +47 поени за „металците“.

Во финишот првакот се опушти, па му дозволи на Струмица да ја намали разликата на крајот од 36.

Најефикасен кошаркар на средбата беше Крстајиќ од Струмица, а кај МЗТ Мекиќ постигна 16, Пандев 15 поени.

Се вчитува...