Металург има за што да жали (фотогалерија)

Металург не успеа во желбата да ги надмине оние „минус пет“ од Словенија и да се пласира во групната фаза од ЕХФ-Купот.

Слично како и на првиот меч во Велење, „металурзите“ имаа свои моменти и шанси да влезат во серија, но кога беше најважно рацете трепереа, се потклекна под тензијата и на крајот теренот беше напуштен со наведнати глави.

Штета, бидејќи словенечкиот претставник не е ништо подобар од Металург, но знаеше како да ги искористи своите „пет минути“ во Велење. Ова мора да е искуство повеќе за овие млади ракометари, да ја научат лекцијата и да не ги повторат грешките во иднина.

Бидејќи јунаците се познаваат токму кога е најтешко, а Металург падна на тој испит, против ривал што не беше несовладлив.

 

Се вчитува...