Металург ќе брани седум гола на реваншот против Спачва

Металург си го отвори патот кон пласман во вторто квалфикациско коло од ракометната Европа лига со убедливиот тирумф над Спачва од 35-28 во првиот натпревар во квалфикацискиот двомеч со хрватскиот состав. Македонскиот претставник во новто натпреварување на ЕХФ предноста почна да ја гради во втората половина од воведното полувреме и на паузта имаше 17-12.

Во вториот дел, Металург достигна и максимални осум гола позитивна и рутниски до крајот го заврши мечот на домашен терен по што со залиха од седум гола ќе патува на возвратниот натпевар закажан за 5. септември во Винковци.

Милан Поповиќ со шест гола беше прв стрелец кај нашиот тим, Мартин Серафимов и Стефан Додик постигнаа по  пет,  а Марко Тарабокија, Милан Лазаревски и Златко Хорват постигнаа по три гола.

 

Се вчитува...