Македонските претставници Металург и Бутел ги дознаа противниците за првото квалификациско коло од Лигата на Европа, натпреварување во кое двата суперлигаши се надеваат на пласман во групната фаза што носи и финансиска награда од ЕХФ.
„Металурзите“ новата европска авантура ќе ја почна со дуели против хрватскиот претставник Спачва. Клубот од Винковци не би требало да биде проблем за тимот на Зоран Кастратовиќ, кој потоа ќе треба да мине уште една квалификациска рунда за да се пласира во групната фаза.
Бутел за ривал го доби унгарскиот претставник Ѓенѓеш, противник по мерка со кој „бутелци“ имаат можност за надигрување со надеж за пласман во следната квалификациска рунда.
Првите натпревари од квалификациите ќе се играат на 29/30 август, а реваншите се закажани за една недела подоцна.
ДВОЈКИ
Турда – Горица
Констанца – Виктор
СКА Минска – ЦСКА Москва
Ѓенѓеш – Бутел
Металург – Спачва
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА