Металург против Горење Велење во битка за групите од ЕХФ Купот

Македонскиот претставник Металург ќе се бори со словенечкиот прволигаш Горење Велење во обид да стигне до групната фаза од ЕХФ Купот. Денешната ждрепка му беше наклонета на клубот од Автокоманда, кој избегна далеку поквалитетни ривали, па следниот месец ќе се сретне со поранешниот ривал од СЕХА за да се најде меѓу најдобрите клубови во второто по ранг европско натпреварување.

Првиот меч ќе се игра во Скопје на 16/17 ноември, а реваншот е закажан за една седмица подоцна во Словенија.

Кире Лазаров со Нант за противник го доби норвешкиот прволигаш Арендал, Борко Ристовски и Бенфика ќе се сретнат со хрватскиот вицепрвак Нексе, додека Магдебург на Филип Кузмановски за место во групната фаза ќе се бори со Горњик Забржје од Полска.

Се вчитува...