Металург раскина со Рибеиро

Металург ја заврши својата авантура во ЛШ, се ближи и крајот на сезоната во СЕХА (моментно е претпоследен со само две победи во првите 11 кола), па македонскиот вицепрвак реши предвреме да ја прекине соработката со Гонзало Рибеиро. Португалскиот бек не ги оправда очекувањата на стручниот штаб откако пред неколку месеци пристигна во клубот заедно со Словенците Шпенде и Пучник, па од денеска тој веќе не е член на „металурзите“.

Зад неговото име ќе останат запишани 25 гола во СЕХА и 19 погодоци во Лигата на шампионите, а најдобар меч му беше дуелот во СЕХА против Брет Мешков, на кој Рибеиро осум пати се запиша меѓу стрелците.

Останува да се види дали „металурзите“ ќе донесат ново засилување за бековската линија, во ситуација кога ги очекува и плејофот во домашното првенство и битка со Работник за второто место.

Се вчитува...