Металург се подготвува за следната сезона: Се договори со Момир Рниќ

Поранешниот српски репрезентативец, Момир Рниќ во следната сезона ќе биде дел од Металург. 32-годишниот ракометар кој има богата кариера и Металург договорија едногодишна соработка.

Рниќ беше дел од Рајн Некар Левен кога заработи сериозна повреда и потоа реши да се врати во Пролетер каде и ја почна кариерата. Тој настапуваше и за Горење и Целје во Словенија, а во Германија играше и за Гепинген и за Мелсунген.

Од Металург најавуваат дека Рниќ нема да биде единственото интернационално засилување. Претходно клубот ги продолжи договорите со Дупјачанец и со Лазаревски.

 

 

 

 

Се вчитува...