Металург славеше на контролата со Бутел

Ракометарите на Металург триумфираа над Бутел со резултат 30-26 во контролниот натпревар што вечерва го одиграа двата скопски ракометни клубови.

Иако тренерот Брестовац не можеше да смета на Словенецот Шпенде, како и на Лазаревски, „металурзите“ сепак успеаја да стигнат до триумф над градскиот ривал. Бутел одигра одлично во поголемиот дел од првото полувреме, имаше и предност од 8-13, за на одмор да замине со два гола предност (14-16). Избраниците на тренерот Котевски немаа сили да го издржат темпото, па Металург во вториот дел направи пресврт и стигна до победата.

Токиќ со пет гола беше најефикасен во победничкиот тим, пред Танкоски, Димитриоски и Шилегов со по четири погодоци.

Се вчитува...