Метју Божиновски: Огромна чест дебито во националниот дрес, ќе бидеме подобри на секој следен меч

Младата репрезентација на Македонија од денеска во Охрид ги продолжува подготовките за вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2023 против Србија кој се игра на 7. септември на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

По поразот од Франција на стартот, избраниците на Драган Канатларовски веруваат дека може да се поправи впечатокот против Србите иако е јасно дека ги чека уште еден повеќе од тежок натпревар.

Деби во националниот тим против Франција имаше централниот дефанзивец од Мелбурн виктори, Метју Божиновски кој е среќен што настапува во репрезентативниот дрес, верувајќи дека ќе следат се подобри и подобри игри за надежите.

„За мене и за моето семејство беше огромна гордост дебитанскиот настап за Македонија. Огромна чест е што играм во македонскиот дрес. Имавме тежок прв натпревар, но знам дека секој следен наш предизвик ќе биде се подобар. Тоа верувам ќе го покажеме веќе на натпреварот со Србија“ – вели Божиновски.

Се вчитува...