Мец го освои третото место на женскиот Ф4 во ЛШ

Ракометарките на францускиот Мец го освоија третото место на Ф4 турнирот во женската Лига на шампиони, откако во малото финале во арената во Будимпешта славеа над Есбјерг со 26-32.

Французинките одиграа неверојатно прво полувреме во кое успеаја да постигнат дури осумнаесет гола и на пауза да заминат со огромни плус шест 12-18. Во второто полувреме данскиот тим заигра далеку подобро, но најмногу што успеа е да стигне на само минус два (18-20). Следуваше нова серија на гостинките кои повторно се одлепија и успеаја сигурно да го приведат мечот до самиот крај (26-32).

Грејс Заади со 7 гола беше најефикасна во победничкиот табор, додека кај поразените не беа доволни ниту 10 погодоци на најдобрата на мечот Рејстад.

Финалниот меч во кој ќе се сретнат Ѓер и Кристијансанд е закажан за во 18 часот.

Се вчитува...