Мхитарјан: Не смееме да ја загубиме вербата, имаме сили за победа над Македонија

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Ерменија е во фудбалски нокаут. Загуби од Гибралтар (0-1) на домашен терен и практично ги загуби шансите за освојување на првото место во групата 4 од Лигата Д, токму во трката со Македонија. Знаеме и ние каков е тој филинг, кога губевме од Андора во минатото.

Капитенот Хенрик Мхитарјан, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, ги повикува соиграчите, но и целата ерменска спортска јавност, да не ја губи вербата во националниот фудбалски тим. Тој мисли дека токму денешниот меч со Македонија може да биде позитивна пресвртница.

„Не смееме да ја загубиме вербата во себе. Многу боли поразот од Гибралтар, посебно што не искористивме многу шанси, но фудбалот е некогаш проклета игра. И кога ќе загубиш, мора да веруваш во себе и на наредниот меч да излезеш и да победиш. Мислам дека имаме сили да ја победиме Македонија и треба да бидеме максимално фокусирани, давајќи се од себе за таа наша цел“, изјави Мхитарјан во пресрет на денешниот меч против Македонија (18 часот) во Лигата на нации.

Се вчитува...