„Ми ја невредуваше новородената ќерка, па го нокаутирав само што влеговме во тунелот“

Бразилецот Фелипе Мело збесна откако Џорџо Кјелини во својата автобиографија напиша дека е еден од најнегативните ликови кои ги запознал во животот. Кјелини не ги штедел воопшто во книгата Мело и Балотели порачувајќи дека се лоши луѓе.

Јасно е дека Мело не е фудбалер за пример поради насилното однесување на теренот, но нагласува дека мааната на Кјелини е што никогаш не кажува во очи за никого што мисли, туку само оговора зад грб. Мело се потсети на еден скандал на мечот меѓу Фиорентина и Каљари додека го носеше дресот на тимот од Фиренца. Мело тогаш во тунелот го нокаутираше сегашниот тренер на Бреша, Диего Лопез.

„Се потсетувам на мечот против Каљари. Диего Лопез на тој меч постојано ми ја навредуваше и спомнуваше штотукуродената ќерка. Ми рече и ‘ќе се видиме по мечот’, а не знаше што го чека. Натпреварот го добивме со гол во последната минута, а потоа го чекав Лопез во тунелот лице во лице. Не му дадов воопшто шанса нешто да каже, веднаш го удрив и нокаутирав“ – раскажува Мело.

Се вчитува...