„Ми се смееја кога реков дека Арсенал може да ја освои титулата“

Со вчерашната победа над Манчестер Јунајтед, Арсенал направи уште еден голем чекор кон титулата во Премиерлигата. Малкумина кои веруваа дека „топчиите“ ќе се борат за трофејот, имајќи ги во предвид Манчестер Сити, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Арсенал засега е „главен“ во таа битка.

Фудбалерот на Арсенал, Александар Зинченко рече дека кога зборувал за титула, многумина од соиграчите го гледале со потсмев, и дека не верувале во такво нешто.

„Кога првпат пристигнав тука, знаев дека овој тим има квалитет. Го познавав Арсенал, но поинаку го доживеав тоа кога почнав да играм за тимот. Сфатив дека има се за успех, за титула. Во соблекувалната на моите соиграчи им велев: „Момци, заборавете на трето место, треба да размислуваме на титула“. Некои од нив ми се смееја, а сега сите сонуваме. Но, има уште многу натпревари пред нас, Сити, Јунајтед се тука. Сешто може да се случиме, а ние треба да се движиме чекор по чекор“, изјави Зинченко.

Се вчитува...