Мигови за релаксација на младите репрезентативци во Матка (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија, подготвувајќи се за пријателскиот натпревар против Финска кој се игра на 6. јуни во Трнава, Словачка, денеска имаше и мигови за релаксација.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи да им овозможи на репрезентативците заедничка дружба во Кањонот Матка крај Скопје само како начин за дополнителна релаксација пред активните тренинзи.

Милевски на овој собир се соочува и со проблеми во составот, откако поради повреда подготовките и контролната пресметка против Финска ќе ја пропуштат Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и Џемал Ибиши (Вардар).

Се вчитува...