Михајловиќ: Не му заборавам на Мурињо што беше со мене додека бев болен…

Синиша Михајловиќ и Болоња утре ќе ја пречекаат Рома предводена од Жозе Мурињо, доволен повод за српскиот стратег на прес-конференцијата да проговори за големата почит што ја има кон португалскиот стручњак.

Она што Михајловиќ најмногу го цени е поддршката што ја добивал од Мурињо што ја добивал додека беше болен од леукемија.

„Мурињо е извонреден тренер, но што е уште поважно – прекрасна личност. Пријатели сме, често разговараме и многу сум среќен што повторно ќе го сретнам. На почетокот имавме мало несогласување, но го надминавме тој проблем и сега бескрајно се почитуваме. Секогаш беше тука за мене, дури и во моментите кога бев болен, тоа нема никогаш да му го заборавам. Доаѓаме од земји во кои лојалноста доминира во човечкиот карактер, така што имаме една многу значајна заедничка особина“, изјави Михајловиќ.

Се вчитува...