Михајловиќ: Пријателството со Ибра започна кога тој ме удри во главата

По спектакуларниот настап на познатиот музички фестивал Санремо, Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ продолжија да се дружат и забавуваат. Ибра на шега го интервјуираше Михајловиќ, а Србинот откри како започнало големото пријателство на необичен начин.

Имено, Синиша напомена дека пријателството започнало по натпреварот Интер и Јувентус, откако претходно Ибра го урдил во предлот на главата.

„Нашето пријателство започна кога Златан ме удри во главата за време на натпреварот помеѓу мојот Интер и неговиот Јувентус. Тогаш тој беше исклучен. Вие едноставно мора да го испровоцирате за да дојдете до целта, а мојата цел беше исклучување на еден одличен напаѓач. Златан беше толку лут што ме удри во главата. Кога пристигна во Интер, сакав да му го возвратам истиот удар. Така ние го покажуваме нашето пријателство, рече српскиот тренер кој го искористи овој разговор за да малку го ‘пецне’ Златан. Тој е љубоморен зошто јас ја имам освонео Лигата на шампионите, а тој не, кажа Михајловиќ, на што Ибрахимовиќ додаде: ‘Сè уште имам време’, по што и двајцата почнаа да се смеат.

Се вчитува...