Михајловиќ се бори лавовски

Синиша Михајловиќ се наоѓа во клиника во Болоња, каде прима третмани со хемотерапија во борба со тешката болест. На барање на српскиот стратег сите детали за неговата состојба се држат во тајност, но неговиот асистент од стручниот штаб на Болоња, Емилио де Лео, откри детал од рехабилитацијата на Михајловиќ.

„Се слушаме редовно. Она што можам да ви го кажам е дека се бори повеќе од било кога претходно. Зборуваме за фудбалски теми, тој ги следи сите наши тренинзи, а сега веќе почна и да одлучува кој ќе игра, а кој ќе биде резерва“ – истакна Де Лео.

Болоња воспостави специјална видео-врска и со „лајв-стрим“ технологија му овозможи на својот тренер и додека се наоѓа во болница да ги следи сите тренинзи, по што преку своите асистенти испраќа пораки до фудбалерите.

Се вчитува...