Михајловиќ на тренинг: Што да правам во хотел, ќе полудам…

Синиша Михајловиќ е спортскиот херој во првиот дел од оваа 2020 година. Српскиот стратег најпрвин ја доби битката со леукемијата, а сега не дозволува тоа искуство со болеста да му ги наруши работните обврски како стратег на Болоња. Иако од докторите му е препорачано да мирува во времето на пандемија, Михајловиќ сепак реши да се појави во тренинг-компексот на својот тим.

Согласно државните препораки, сите работат изолирано, а Михајловиќ секојдневно трча по еден час, потоа следат вежби од 15 минути , по што српскиот стручњак се враќа назад во хотелот каде што е сместен.

„Како сум? Доаѓам секој ден, ќе дојдам и утре. Седам дома од 4 март. Што да правам во хотел, ќе полудам, подобро е вака“, коментира Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...