Михајловски: Вардар ќе биде уште поконкурентен, Гурбиндо го препозна нашиот квалитет

Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, не го криеше задоволството по договорениот трансфер на Едуардо Гурбиндо, десниот бек на Нант кој потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“ почнувајќи од јули 2021 година. „Вардарци“ продолжуваат да го формираат тимот за наредната сезона, за кој Михајловски е убеден дека ќе биде поквалитетен и поконкурентен во Лигата на Шампионите.

Воедно, претседателот на Вардар изрази надеж за уште поголема помош од компаниите во периодот што следи.

„Со ангажирањето на Гурбиндо продолжуваме со засилувања со кои Вардар ќе биде уште поконкурентен во следните сезони. Среќни и задоволни сме што Гурбиндо го препознава квалитетот на Вардар1961 и што сака нов предизвик во кој заедно ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати. Губрино ќе донесе освежување во нападот и цврстина во одбраната. Ги цениме неговите квалитети и сигурни сме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот систем. Засилувањата што досега ги договори Вардар1961 ќе им донесат многу радост на навивачите и верувам дека многу брзо сите заедно ќе можеме да ги поздравиме новите играчи. Очекувам со завршување на пандемијата на Ковид-19 повторно да имаме полна сала, и многу нови компании кои ќе го поддржат Вардар1961 во чекорење кон европскиот врв. Верувам дека како што ние ги одржаваме ветувањата за создавање на нов силен Вардар така и нашите компании ќе го одржат ветувањето да бидат наши партнери кон новите успеси“, изјави Михајло Михајловски за клупската веб-страница.

Се вчитува...