Мијатовиќ повторно удри по Бејл – На него на прво место му е Велс, па голф, па потоа Реал Мадрид

Велшкиот интернационалец Герет Бејл не е среќен во Реал Мадрид, бидејќи не е во добри односи со Зинедин Зидан. Тој летово беше на чекор од заминвање од „Сантијаго Бернабеу“, но на изненадување на сите реши да остане уште една година во Мадрид.

Легендарниот Предраг Мијатовиќ потврдува дека Бејл не се чувствува убаво во Мадрид и дека на Велшанецот далеку побитни му се настапите во репрезентацијата и играњето голф.

„Тој е затворен дечко кој се грижи за својата приватност. Не го познавам лично, но по тоа што го слушам Велс секогаш му е приоритет. На второ место му е играњето голф, па дури потоа следи Реал Мадрид. Најлошо е што никогаш не знаеш дали можеш да сметаш на него и дали е расположен за игра. Во репрезентацијата секогаш е здрав и дава максимум, а во Реал Мадрид тоа не е така“, изјави Мијатовиќ. 

Се вчитува...