Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ вели дека клубот треба да му го продолжи договорот на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Мијатовиќ вели дека сето тоа треба да биде поради неговото однесување оваа сезона и „спектакуларниот ефект“ кој го дава за тимот.
„Би го продолжил неговиот договор на уште една година, не само поради фудбалот туку и поради неговиот однос кон тимот и клубот. Тој е играч кој никогаш не правел проблеми, а неговиот ефект секогаш е спектакуларен. Би се обидел да го убедам да се пензионира токму од Реал Мадрид“ – вели Мијатовиќ.
Модриќ сезонава на свои 38 години одигра 19 натпревари за Реал како стартер, а на 19 натпревари влегуваше од клупата за резервни играчи. Анчелоти неодамна изјави дека на Модриќ му е навистина многу тешко да биде замена во тимот.
„Да, му падна тешко кога виде дека не игра стандардно. Но, потоа го прифати сето тоа и почна да игра многу повеќе“ – истакнува Предраг Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА