Мијатовиќ удри по Зидан: Нема капацитет да ги реши проблемите

Реал Мадрид одигра катастрофален меч во Париз, што беше сосема доволно за да се тргне со нов бран на критики кон Зинедин Зидан. Еден од најгласните беше поранешниот голгетер и директор на „кралскиот клуб“, Предраг Мијатовиќ, кој се сомнева дека францускиот стратег може да најде излез од кризата.

„Не очекував ваков натпревар, мислам дека никој не очекуваше да го види Реал да игра толку слабо во натпреварувањето во кое има испишано историја. Имаме причина да сме загрижени, сезонава изгледа иста како ланската. Јасно е, Реал мора многу подобро да игра, но за мене е загрижувачки што во Зидан не гледам тренер кој може да најде решение, целиот тим да напредува“ – истакна Мијатовиќ.

Јасно е дека притисокот врз Зизу ќе биде се поголем со секој нов „кикс“, а нарушените односи со Флорентино Перез од текот на летниот преоден рок може да придонесат францускиот ас да не го дочека крајот на годинава на клупата на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...