Мијовиќ нов тренер на Будуќност

Петар Мијовиќ ќе биде нов шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб Будуќност, откако по поразот од Црвена Звезда во финалето на АБА лигата Јасмин Репеша поднесе оставка. Во текот на вчерашниот ден се шпекулираше дека наследник на Репеша ќе биде неговиот помошник Ѓорѓе Аџиќ, но сепак на крајот од раководството на Будуќност  одлучи за 37-годишниот стратег.

Мијовиќ во кариерата ги водеше младите категории на клубот од Подгорица, а беше помошник и на сениорската репрезентација на Црна Гора. Како помошник ја водеше и француската екипа Роан. Беше тренер и во КК Зета, Башкими, Сигал Приштина и Студентски центар.

Мијовиќ има задача да го врати приматот во домашното првенство, кој на тимот од „Морача“ минатата сезона му го зеде Морнар.

Се вчитува...