Мијовиќ повторно ќе го предводи Будуќност

Петар Мијовиќ повторно ќе го предводи Будуќност, потврди црногорскиот шампион. Црногорскиот стратег се враќа на клупата на „сино-белите“ на местото на Владимир Јовановиќ кој заработи отказ по поразот од Борац Чачак со кој српскиот клуб обезбеди бараж дуел за опстанок во лигата и го елиминирапе МЗТ Скопје од натпреварувањето.

Мијовиќ кој претходно го предводеше клубот од главниот град на Црна Гора од 2019 до 2021 година новото деби ќе го има во дерби натпреварот против Партизан кој е закажан за 21. април. Потоа го чека плеј-офот во регионалното првенство и битката за одбрана на трофејот на домашната сцена.

Се вчитува...