До крајот од овој месец се очекува Арсенал да именува нов менаџер, а Микел Артета се наметнува како прв претендент за позицијата која привремено ја има Фреди Љунгберг. Поразот од 3-0 од Манчестер Сити уште повеќе го крена алармот кај лондонскиот клуб кој ако продолжи со ваквите резултати, четврта година по ред ќе бидат надвор од топ четири на крајот од сезоната во Премиер – лигата. Артета му е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Бордот на Арсенал бара некој кој ги познава состојбите во клубот и кој може да почне со работа веднаш. Артета кој мина пет години во Арсенал, ги исполнува овие услови, а беше блиску до менаџерската позиција и во 2018 кога сепак клубот се реши за Унаи Емери. Наводно, Шпанецот кој го напушти „Емирати“ по натпреварот без изјава за медиумите, имал средба со управата по завршувањето на натпреварот. Арсенал размислува за повеќе кандидати за тренерското место, а се споменува и Патрик Виеира.
Британските медиуми објавуваат фотографии од шефовите на Арснеал као излегуваат од домот на Артета во еден часот по полноќ. Директорот Винаи Венкатешам и преговарачот за договори, Хус Фами се фотографирани како влегуваат во нивните возила пред куќата во која живее Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА