Фудбалерот кој со Челси ги освои сите трофеи, стави крај на играчката кариера

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел објави крај на професионалната кариера како играч. Фудбалерот од средниот ред се реши на 35 години да го остави фудбалот, а последен клуб му беше Кувајт.

Тој остави траен белег играјќи за Челси, каде беше 11 години, односно од 2006 до 2017 година и ги освои сите можни трофеи, од Премиерлигата, до Лигата на шампионите и Лигата на Европа со овој тим.

Пред да замине во Челси, играше за Лин од Норвешка, а после Челси настапуваше за Тианџин од Кина, потоа се врати во Англија во Мидлсброу, па замина во Турција во Трабзонспор, па во англиски Стоук, за од 2021 година да игра за Кувајт. За репрезентацијата на Нигерија настапи на 91 меч.

Се вчитува...