Милан бара нов напаѓач, на листата и Калиниќ

Раководството на Милан ја продолжува потрагата по нов голгетер, но како што минува времето, така се намалуваат и апитетите на „росонерите“. Откако претходно беа поврзувани со Обамејанг, Мората и со Диего Коста, навивачите на Милан по се изгледа ќе треба да се задоволат само со Никола Калиниќ, кој делува како најреална опција за тимот од „Сан Сиро“ во моментов.

Како што јавуват италијанските медиуми, агентот на хрвтскиот голгетер денеска се сретнал со управата на Милан, при што начелно биле договорени личните услови, сума од околу 2,5 милиони евра по сезона. Сепак, проблем барем засега претставува инсистирањето на Фиорентина на отштета од 30 милиони евра (сума што ја добија како понуда од неколку кинески клубови), додека првата понуда на Милан изнесуваше 20 милиони евра.

Калиниќ зад себе имаше одлична сезона, постигна 20 гола на 42 средби во сите натпреварувања, што значи дека статистичка оваа сезона му беше најдобра во кариерата. Овој 29-годишен голгетер во дресот на хрватската репрезентација има реализирано 14 погодоци на 35 натпревари.

Се вчитува...