Милан без милост за Донарума: Нема трансфер, туку преселба на трибини

Џанлуиџи Донарума ја одби последната понуда за нов договор со Милан, по што се најавуваше негов трансфер. Актуелниот договор на младиот голман со „росонерите“ истекува во јуни 2018 година и се очекуваше италијанскиот клуб да го продаде за да не ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета. Сепак, бесни од нелојалноста на тинејџерот кинеските газди на Милан имаат сосема поинакви планови.

Италијанскиот гигант не само што нема да го продаде Донарума, туку младиот чувар на мрежата сите средби од следната сезона ќе ги следи од трибините.

Потрошив 800 милиони евра годинава на Милан и сигурно нема да пропаднам за уште 30 или 40 милиони. Мора да испратиме порака, тоа е најважно“ – наводно им рекол газдата на Милан, Јонгхонг Ли, на своите најблиски соработници, јасно ставајќи до знаење дека голманот нема да биде продаден.

Агентот Мино Раиола се заканува со тужба доколку дојде до таков развој на настаните, но јасно е дека мултимилијардерите од Кина се подготвени и на судска битка, само да го покажат сериозниот пристап и почитта што ја бараат кон својот клуб. Во таквиот став газдите на Милан ја имаат и апсолутната поддршка на навивачите.

Ова е скандал. Милан направи се што можеше да го задржи, сега треба да биде преселен на клупа или на трибина. Со право сме бесни, Донарума имаше посебен третман од нас навивачите, му пеевме и песни осмислувани само за него. Го бакнуваше грбот на Милан на стадионот на Јувентус, а сега го право ова… Навивачите целосно го поддржуваат клубот“ – порача Џанкарло Капели, водачот на навивачката група на Милан.

  

Се вчитува...