Милан без „муниција“ и против Торино

Фудбалерите на Милан одиграа реми без голови (0-0) на гостувањето кај Торино во 32. коло од италијанската Серија А. Домаќините одиграа одличен натпревар против големиот фаворит и во ниту еден момент не беа во подредена позиција.

На крајот резултатот на семафорот е реален за случувањата на теренот на олимпискиот стадион во Торино. Милан со овој бод останува на првата позиција на табелата со 68 бода, но сега се е во раце на градскиот ривал Интер кој е на второто место со два бода помалку, но и со натпревар помалку од големиот конкурент.

Наполи со денешниот пораз на домашен терен од Фиорентина пропушти шанса да го презеде врвот во калчолигата.

 

.

 

Се вчитува...