Милан со нов првотимец на листата на повредени

Главоболките на Стефано Пиоли од ден на ден стануваат се поголеми, вчера беше обелоденето дека Златан Ибрахимовиќ уште најмалку две седмици нема да биде на терените, а денеска тренерот на Милан остана без уште еден стандарден првотимец.

Пиоли вечерва го објави списокот на патници за утрешното незгодно гостување против Сасуоло, меч за кој „росонерите“ ќе бидат дополнително ослабени поради неиграњето на Анте Ребиќ. Хрватскиот репрезентативец е стандарден во нападот на Милан сезонава, а неговото неиграње ќе донесе уште поголеми проблеми во обидот да се стигне до нова победа и да се обезбеди останувањето на врвот на Серија А.

Само за потсетување, Пиоли покрај Ибрахимовиќ за овој меч не може да смета ниту на Кјаер, Бенасер и Габија, а неизвесен е и настапот на Тео Хернандез, кој поради повреда го пропушти последниот натпревар со Џенова.

Се вчитува...