Милан добива засилување од Манчестер Сити?

Милан по седум години пауза се враќа во Лигата на Шампионите, а во пресрет на новата сезона гради и тим кој покрај европското првенство ќе се обиде да стигне и до титулата во Италија. За тоа беа доведени Жиру, Флоренци, Дијаз, Бало-Туре, Маињан, а беа официјализирани и договорите со Тонали и Томори.

Сега на прагот на „Сан Сиро“ е и фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва кој не е задоволен од минутажата која ја добива во дресот на „граѓаните“. Португалецот беше поврзуван и со трансфер во редовите на Арсенал, меѓутоа неговата желба е да настапува во најсилното европско натпреварување, а „росонерите“ го нудат тоа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот и клубот веќе ги договориле условите и остануваат уште преговорите помеѓу двата клуба. Трансфермаркт го проценува 27-годишникот на 70 милиони евра,, „росонерите“ немаат толку пари, но се надеваат на договор за едногодишна позајмца на португалскиот плејмејкер.

Се вчитува...