Милан продолжува со победите во Серија А сезонава, стигнувајќи и до седмиот триумф во деветтото коло за задржување на предноста на челната позиција на табелата.
„Миланезите“ триумфираа против Фиорентина со 2-0, со головите на Ромањоли во 17. минута и Кејси од пенал во 28. минута од натпреварот.
Болоња, пак, славеше со 1-0 против Кротоне со голот на Сориано во последните секунди од првото полувреме.
Милан по оваа победа се зацврсти на врвот со 23 бода, повторно пет повеќе од второпласираниот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА