Милан е подобар без Ибра, бројките не лажат

Тимот на Милан веќе втора сезона по ред игра на високо ниво во Серија А, а и овој пат водат голема битка за освојување на лидерското место. Пред стартот на втората сезона статистичарите не испуштија ниту една бројка, па нивната евиденција покажува дека Милан игра подобро без Златан Ибрахимовиќ!

Имено, 31 од 42 бода „росонерите“ освоиле без Ибра. Повеќето од нив пристигнаа во првите 11 дена кога се повреди Ибрахимовиќ, а Милан веќе беше во налет. Со Швеѓанецот во тимот Милан има три победи, две нерешени и три порази со просечен број на поени од 1,38 по натпревар, додека без него сликата е сосема поинаква и просекот расте на 2,82 поени по натпревар.

Придонесот на Златан е важен, но очигледно е дека тој повеќе не придонесува како порано. Инаку, Милан во моментов се наоѓа на втората позиција во Серија А со 42 бода, само четири помалку во однос на првопласираниот Интер, кој има 46 освоени поени.

Се вчитува...