Милан гази – во Италија нема „херој“ што може да го запре

Фудбалерите на Милан ја продолжија извонредната серија игри на стартот од сезонава откако во десеттото коло стигнаа до осмата победа (имаат и две нерешени средби), триумфирајќи на гостувањето против Сампдорија со 1-2.

Без Ибрахимовиќ во нападот и без Кјер во одбраната беше јасно дека задачата на „Мараси“ во Џенова нема да биде нималку лесна, но „росонерите“ повторно најдоа начин да стигнат до трите бода и да останат со солидна предност во однос на ривалите на врвот на табелата. Кесие реализираше пенал пред крајот на првото полувреме, а на стартот од вториот дел Тонали го затресе дирекот од голот на Сампдорија.

Пиоли ја погоди замената, па Кастилјехо со својот прв допир со топката веднаш по влегувањето во игра зголеми на 0-2, а се што успеа да стори Сампдорија беше почесниот погодок на Екдал во 82. минута.

Милан по овој триумф има 26 бода на првото место, пет повеќе од второпласираниот Интер и шест повеќе од Наполи и од Јуве кои се наоѓаат на делба на третата позиција.

Се вчитува...