Милан ги награди Сусо и Кутроне со нови договори

Милан ја обнови соработката со шпанскиот интернационалец, Сусо Фернандез и младиот италијански репрезентативец, Патрик Кутроне. Сусо останува на „Сан Сиро“ до 2022 година, додека Кутроне добива значително повишување на платата, со ист рок на траење, до 2021 година.

„Овој ден ќе биде забележан како еден од најважните во мојот живот. Пресреќен сум што ја продолжив соработката со Милан до 2022 година. Оваа одлука ја донесов заедно со мојот агент и моето семејсто, сметајќи дека тоа ќе биде најдобрата одлука за мојата иднина. Ќе дадам се од себе за овој дрес, отсекогаш сум го правел тоа“, изјави Сусо.

23-годишниот Шпанец сезонава забележа три погодоци на 10 натпревари, додека талентираниот Кутроне на девет средби четири пати ги тресеше мрежите, а два од тие гола ги постигна во Серија А.

  

Се вчитува...