Милан ги претстави дресовите – Фановите на клубот разочарани и незадоволни (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Милан го претстави изгледот на новите дресови, што веднаш доведе до поделено мислење кај нивните фанови ширум светот.

На традиционалните „црвено-црни“ линии додадена им е бела боја, поради што дресот помалку изгледа и непрепознатливо. Промената донесе големо разочарување и незадоволство кај навивачите кои на социјалните мрежи почнаа да го напаѓаат клубот поради изборот.

Фудбалерите на Милан овој дрес треба да го носат на натпреварот против Болоња во Серија А кој е закажан за во понеделник.

 

 

Се вчитува...