Милан го има најдобриот старт во Серија „А“ од сезоната 2003/04, тогаш го освои Скудетото

Со победата над Салернитана од 2:0 во 16. коло од Серија „А“, Милан го има најдобриот старт во италијанскиот шампионат од сезоната 2003/04. Тогаш во таа сезона Милан успеа да го овои Скудетото.

Избраниците на Стефано Пиоли, по киксот на Наполи, се најдоа на првото место со 38 бодови од 16 кола  во шампионатот. Лани Милан во овој период имаше 37 бода, а на крај заврши како четвртопласиран.

Милан во моментов има еден бод повеќе од Интер, два од Наполи и четири од Аталанта.

Се вчитува...