Милан го сака Алексис Санчез во јануари, и ќе понуди 85 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Милан немаше убедлив на старт на новата сезона во Серија А, иако вложи повеќе од 200 милиони евра во реновирање на тимот ова лето. Сепак, „росонерите“ ниту од далеку не ги покажуваат очекуваните игри. Раководството на клубот реши да вложи и дополнителни средства за засилувања, и тоа во јануари.

Главен приоритет е нов напаѓач, а прва желба на Милан е Алексис Санчез, чилеанскиот интернационалец на кого договорот со Арсенал му истекува на крајот од сезоната. „Росонерите“ се расположени да платат фантастични 85 милиони евра за негов ангажман, што е огромна сума ако се знае дека тој е влезен во последната година од неговиот актуелен договор.

Но, и Манчестер сити подолг период е заинтересиран за Алексис Санчез и медиумите во Англија шпекулираат дека веќе има постигнато договор со Чилеанецот, тој да се пресели на „Етихад“ како слободен агент по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...